октомври 30, 2020

Владата на домашниот пазар годинава ќе се задолжи со 250 милиони евра

Пари

Претходно беше планирано задолжувањето на домашниот пазар годинава да биде во износ од 12,3 милијади денари или 200 мил. евра.

Владата денеска одлучи годинава на домашниот пазар да се задолжи со 15, 4 милијарди денари  преку издавање на државни хартии од вредност.

Претходната одлука на задолжување преку хартии од вредност  за годинава беше на износ од 12,3 милијарди денари.Можеби ќе ве интересира

Од владата соопштија дека измените на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето – задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година се направени  согласно  претходното изменување и дополнување на Буџетот за 2020 година,.

„Со оваа одлука се утврдува максималниот износ на нето-задолжувањето преку издавање на државни хартии од вредност во 2020 година да изнесува 15.375.000.000 денари, наместо предвидените 12.300.000.000 денари“, соопшти Владата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •