октомври 25, 2020

ФРЧКОСКИ ВО СВОЈ СТИЛ: Иванов беше лубрикант на режимот и се обидувал глупаво да му помогне

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски во гостување на Телевизија 24 објасни зошто очекува дека нема да пропаднат предметите за обвинетите од СЈО, меѓу кои Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и други, по нивните тужби пред судот во Стразбур. 

„Ова што се случи е лажна вест и соодветно е што тоа институциите го демантираат. Таму постои еден клучен проблем поради кој според мене таа постапка пред судот ќе заврши негативно за подносителите, односно за поранешниот претседател Иванов“, рече Фрчкоски.  

Прашан дали за постапката пред судот во Стразбур која ја поднесоа адвокатите на обвинетите во предметите на СЈО, самото тоа што судот ја прифати и почна постапката е некоја индиција, професорот Фрчкоски рече дека во судот тие мора да формираат претходни комисии кои ја оценуваат процедуралната исправност на постапката. Според него, тие имаат неколку случаи околу аболиции во некои други случаи кои ги имаат пресудено, така што имаат некаква традиција околу тоа, и тие веројатно ќе влезат во проценка на иницијативата, и тука не може да се очекува некое спектакуларно одбивање, ќе ни пратат нас можност да одговориме. Владата сега треба да биде концентрирана на тој одговор на прифатената иницијатива, и потоа ќе одлучат. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •