октомври 23, 2020

Улицата “Абас Емин” во Охрид, шест месеци од почетокот на реконструкцијата

„Денеска започнува реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти во Охрид, а тоа е Комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“.”

Оваа изјава беше дадена на 24 април 2020 година од страна на Градоначалникот на град Охрид, како најава за проект финансиран од Министерството за транспорт и врски и Европската банка за развој и обнова . Улицата остана заборавена, дури и во полоша состојба, додека граѓаните мака мачат да стигнат до своите домови.

Дали градоначалникот има малку доблест да објасни како ни 100 метри од улицата не се комплетирани во период од 6 месеци и дали планира во неговиот мандат да биде завршен овој проект? Или средствата за реконструирање на улицата завршиле во приватни џебови?

Охриѓани и градот под Унеско заслужуваат подобро!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •