октомври 29, 2020

Тевдовски во ММФ испратен од Народна банка

Драган Тевдовски, поранешниот министер за финансии, ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон но како претставник од Македонија испратен од Народната банка.

Тој беше сменет од позицијата министер за финансии кога премиерот Зоран Заев најавуваше „метла“ на кадри во минатиот владин состав. Во ноември лани беше предложен за нов независен член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД.

Тевдовски е назначен за советник на извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон. Од Владата потврдуваат дека претставникот на земјата во ММФ го назначува гувернерот на Централната банка.

Од НБРМ во својот одговор објаснуваат дека професорот е задолжен за Холандско-белгиската конституенца, во која членува и Северна Македонија, и дека поранешниот министер ќе биде задолжен за соработката на ММФ со земјата од којашто доаѓа, а по потреба и со други земји.

Според претходните информациите, тој веќе е таму. Инаку Тевдовски е професор на Економскиот факултет во Скопје.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •