октомври 21, 2020

Град Скопје почна со присилна наплата на данокот на имот и фирмарината

Град Скопје ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

Сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови треба да ги подмират своите обврски.

Град Скопје информира дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати преку следниот линк.

– Потсетуваме дека во тековната година во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници – велат од Градот.

Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •