октомври 25, 2020

ВМРО-ДПМНЕ на нов протест против поскапувањето на електричната енергија

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи нов протест против поскапувањето на електричната енергија.

Како што информираат од политичката партија, протестот ќе започне во 18 часот од Спортскиот центар „Јане Сандански“ со возила до Регулаторна комисија за енергетика.

Од опозициската партија апелираат на почитување на мерките за заштита од Ковид-19, со носење лична заштитна опрема.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •