октомври 25, 2020

Стразбур ги објави екс функционерите кои се „крстат“ во аболицијата на Иванов

Судот во Стразбур објави дека 10 поранешни функционери, поделени во две групи, ја тужат државата, користејќи ја спорната аболиција на екс претседателот Ѓорге Иванов.

Објавени се прашањата од судот што треба да ги одговори државата меѓу кои „Дали одлуките за помилување на Претседателот на државата од 12 април 2016 година беа неотповикливи“ и „Дали Актот за помилување беше од индивидуализиран карактер?“

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера на фејсбук објасни дека овие постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза и не е донесена одлука, како што објавија одредени медиуми.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •