октомври 30, 2020

Скромен анкетен лист на Заев, премиерот пријавил „мини купер“ на децата и стан на сопругата

Антикорупциска денеска го објави најновиот анкетен лист на премиерот Зоран Заев, на кој се забележуваат неколку промени од претходните три години.

Заев пријави автомобил, „мини купер“, но на име на неговите деца, во вредност од 14,500 евра, а како имот на споругата, Зорица Заева, пријавил стан во Струмица, во вредност од 15.000 евра, а за кој е наведено дека го добила како подарок. Премиерот навел и парични средства во сопственсот на неговите родители, односно 100.000 евра, кои ги добиле по основ на ликвидирање на фирма.

Во најновиот анкетен лист се забележува и зголемување на девизниот депозит на неговите деца, кој од 27.000 евра се зголемил на 43.000 евра.

Единствено што е лично на премиерот Заев во актуелниот како и во претходниот анкетен лист е заем кој го дал во 2012-та година. Должникот му должи на премиерот 4,3 милиони денари.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •