октомври 25, 2020

СЗО: Вирусот Корона го прележале 10 проценти од светската популација

Се приближуваме до тежок период, болеста сè уште се шири, вели Мајк Рајан. Огромното мнозинство од населението сè уште е под закана.

Приближно десет проценти од светската популација веќе била заразена со вирусот корона, објави Светската здравствена организација (СЗО). Мајк Рајан, раководител на одделот за кризи на СЗО, изјави дека пандемијата се забрзува во делови на Југоисточна Азија, со зголемувањето на бројот на позитивни и смртни случаи во делови на Европа и регионот на источниот Медитеран.

Избрани експерти за Кина

„Нашите сегашни најдобри проценки ни покажуваат дека околу 10 проценти од светската популација веќе биле заразени со вирусот. Тоа зависи од државата и дали е град или село, и која социјална група. Но, тоа значи дека огромното мнозинство од населението сè уште е под закана “, рече Рајан, пренесе Хина. „Се приближуваме до тежок период. Болеста продолжува да се шири “, додаде тој. СЗО исто така објави дека избрала експерти за меѓународната мисија во Кина за да го открие потеклото на вирусот, но тие допрва треба да бидат прифатени од кинеските власти.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •