октомври 26, 2020

Македонија се отвара: Од Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без тест

Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање, објави денеска Министерството за здравство.

„Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање, стои во соопштението.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Македонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •