октомври 18, 2020

Заев: Во Србија, Косово, Албанија и Црна Гора без ПЦР-тест, но само ако е неопходно патувањето

Зоран Заев, премиерот на Македонија, денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Владата утре на својата редовна седница ќе го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за отварање на границите со Србија, Косово, Црна Гора и Албанија без ПЦР-тестови, но дека тоа ќе биде дозволено само ако е неопходно.

„Станува збор за регионална иницијатива, бидејќи горе-доле бројките се исти. Го чекаме уште одговорот од Србија и Бугарија, а утре ќе одлучуваме на редовната седница на Влада. Без ПЦР-тест ќе се поминува границата ама ако е најнеопходно, бидејќи и од дома излегуваме само ако е неопходно“, рече Заев.

Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање, објави денеска Министерството за здравство.

„Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање, стои во соопштението.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •