октомври 22, 2020

Додека Цетински пее во „Интермецо“, инспекторите бројат гости

Пред почетокот на концертот на хрватскиот пејач Тони Цетински, во кафе-барот „Интермецо“ во населбата Капиштец во Скопје вечерва пристигнале инспектори од Државниот пазарен инспекторат.

Хрватската музичка ѕвезда ја почна својата „свирка“ само еден час откако Владата ги прифати новите рестриктивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести со кои се забранува гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти, но кои се уште не се во сила.

– За здравјето на гостите не можам да гарантирам, но можам да гарантирам дека во објектот се почитуваат пропишаните здравствени протоколи – изјави за Телма менаџерот на „Интермецо“, Константин Влахо.

Тој додаде дека обезбедено е место за 220 гости, а кафе-барот има капацитето за 1.000 гости.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •