октомври 26, 2020

Гучи го продава овој фустан за мажи со сатенска лента за 2600 долари

ДОЛГА портокалова кошула во форма на тартан со јака Питер Пан, од брендот Гучи стана тема на социјалните мрежи. Кошулата како фустан е наменета за мажи, а „Дејли меил“ пишува дека брендот нагласува дека ова парче „ја рефлектира идејата за флуидност, кршејќи ги токсичните стереотипи кои го обликуваат идентитетот на машкиот пол“.

Цената на кошулата инспирирана од гранџ изгледот од деведесеттите години е 2600 долари. Кошулата / фустанот на половината има и сатенска лента која е врзана за лак. Покрај портокаловата, кошулата е достапна и во цветен дезен и е малку поевтина.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •