октомври 20, 2020

“JP Morgan” ќе плати околу 920 милиони долари за повлекување на тужби за нелегална трговија со благородни метали и обврзници

Инвестициската банка во САД плаќа огромни суми на пари за повлекување на тужбите за нелегална трговија со благородни метали. Вработените во ЈП Морган во канцелариите во Њујорк, Лондон и Сингапур незаконски тргувале со фјучерси.

Американската инвестициска банка ЈП Морган Чејс објави дека, според договорот со Министерството за правда на Соединетите држави, ќе плати околу 920 милиони долари за повлекување на тужби за нелегална трговија со благородни метали и обврзници. Вработените во ЈП Морган во канцелариите во Њујорк, Лондон и Сингапур нелегално тргувале со фјучерс договори за купување злато, сребро, платина и паладиум, собирајќи налози со намера да ги откажат пред реализација, соопшти Министерството за правда. „Однесувањето на поединците погодени од овие одлуки е неприфатливо и тие повеќе не работат во нашата компанија“, рече во изјавата потпретседателот на Морган.

Нелегално тргување со обврзници

Во нелегалната трговија со метали учествувале 10 поранешни трговци од 2008 до 2016 година, според договорот за спогодба потпишан во име на ЈП Морган од неговиот главен бранител Стејси Фридман. Пет поранешни вработени учествувале и во нелегална трговија со обврзници, се наведува во договорот. „Скоро 10 години, значителен број трговци и вработени во одделот за продажба на ЈП Морган отворено не ги почитувале законите на САД кои штитат од нелегална активност на пазарот“, соопшти канцеларијата на Сојузното биро за истраги (ФБИ) во Њујорк.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •