мај 28, 2023

Струга, сѐ помал број на првачиња, во опасност работата на учителите

Ако продолжи трендот на драстично намалување на бројот на ученици во струшките училишта, тогаш нема да биде изненадување ако дел од наставничкиот кадар остане без работа. Причината за ваквата состојба треба да се гледа пред сè во заминувањето на младите генерации во Западна Европа. Наставникот, Зини Јусуфи вели дека само во училиштето во селото Корошишта, каде што тој работи, бројот на ученици од 615 пред десет години, сега е сведен само на 140.

„…Со намалување на бројот на паралелки, ќе губиме работни места на наставници кои работат со години. Ќе биде критично за сите наставници во училиштата во Струга и за образованието во Струга…“, рече Зини Јусуфи-наставник.

За да не се случи многу наставници да останат без работа, Владата треба да донесе стратегија за пензионирање на одреден број на просветни работници со 37 или 39 години работен стаж, вели Ресул Бектеши, претседател на Здружението на пензионирани наставници Албанци од Струга и Охрид.

„Ако продолжи овој тренд по училиштата, нормално е да се намали и број на вработени во установите. Затоа што, ако во едно училиште се пријавуваат само 10 ученици во прво одделение нормално е дека ќе има само една паралелка, а досега имавме 2-3 и со тоа бројот на вработените ќе се намали“, изјави Ресул Бектеши, Здружение на пензионирани наставници Албанци од Струга и Охрид.

Како што Алсат веќе објави, бројот на првачиња оваа година во Струга е помал за 43 во однос на лани. Најголемо намалување има во Лабуништа каде од ланските 134, оваа година има 114 првачиња и во училиштето „Браќа Миладиновци“, каде од 149 ученици во прво одделение лани, сега има 122. Во училиштето во селото Џепин пак, оваа година ќе нема ниту едно прваче.

За авторот

Сподели