Решение за затворање и кривична за ексклузивниот лаунч бар Мош

Пазарниот инспекторат издаде решение за затворање на ексклузивниот лаунч бар „Мош“ во центарот на Скопје, јавува фактор.мк.
Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски за Фактор изјави дека решението за заторање на Мош е уште од минатата недела, а кривична пријава има од синоќа по гостувањето на српскиот пејач Владо Георгиев.
Пауновски за Фактор испрати и видео од кое јасно се гледа прекршување на сите протоколи за заштита од корона вирусот-огромен број луѓе, нема маски, нема растојание.
-Инспекторите се постојано на терен. Ова е веќе постојана и редовна глетка во ноќните клубови. Имаме изготвено многу повеќе решенија за затворање на кафулиња во повеќе градови и во Струга и во Струмица, Скопје, како што е синоќешниот случај во Драчево. Од понеделник ќе излеземе многу подетално, изјави за Фактор, директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски.
Тој напоменува дека ваквото непочитување и прекршување на протоколите само ќе доведе до сериозна и уште поголема ескалација на епидемиолошката состојба во земјава.
-Во следните денови нема да бидат 225, ќе бидат и многу повеќе, вели Пауновски.
Во продолжение погледнете го видеото направено синоќа во Мош: