октомври 27, 2020

МТСП: Левица ја злоупотребува судбината на стечајците од „Треска“ и ја лаже и манипулира јавноста

Политичката партија Левица, ја злоупотребува судбината на поранешните вработени во АД „Треска“ и во обид да добие ситни политички поени манипулира со јавноста и шири лажни информации, стои во соопштението од Министерството за труд и социјална политика како рекација на соопштение на „Левица“.

Од министерството велат дека претставникот на политичката партија Левица, претставувајќи се како правен застапник на поранешните вработени во АД „Треска“ присуствуваше на состанокот и неговото присуство на состанокот преку манипулации и ширење лажни информации го злоупотреби во политички цели

„Денешното соопштение на партијата Левица претставува целосно искривување на вистината во однос на исходот од вчерашната средба на министерката Јагода Шахпаска со претставници од поранешните вработени во АД „Треска“.

Иако не беше најавен протестот на поранешните вработени од АД „Треска“ пред просториите на Министерството за труд и социјална политика, ниту пак некој од нив побара состанок, министерката Шахпаска се сретна со нивните претставници.

Министерката Шахпаска ги ислуша и најави дека нивното барање во делот на исплата на заостанатите плати и придонеси ќе го презентира во Владата на Република Северна Македонија.

Таа побара од претставниците на поранешните вработени во АД „Треска“ да и достават список на лица кои не се опфатени со Законот за стечајци, за да се најде модел за сите што не се на ниту еден начин дел од системот на социјална заштита, да добијат соодветна финансиска поддршка.

За жал, претставникот од Левица, претставувајќи се како правен застапник на поранешните вработени во АД „Треска“ присуствуваше на состанокот и наместо да работи во нивен интерес,  неговото присуство на состанокот преку манипулации и ширење лажни информации  да го злоупотреби во политички цели.“ се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •