октомври 31, 2020

Маркоска: Намалување на ДДВ за занаетчиски услуги од 18 на 5 отсто

Во четвриот пакет антикризни мерки, обезбедена е и поддршка за занаетчиите. Со мерката наменета за занаетчиите се предвидува намалување на ДДВ на нивните услуги и производи од 18 на 5 отсто, со што ќе се  зајакне нивната конкурентност на пазарот, изјави денеска на прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

На занаетчиите, односно самостојните вршители на дејности, посочи таа, и натаму им  остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка

– НОВИОТ ПАКЕТ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ СО ЦЕЛ ПОЛЕСНО СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ, ПРЕДВИДЕНО Е И НАМАЛУВАЊЕ НА СТАПКАТА ЗА ДДВ ЗА РЕСТОРАНСКИ УСЛУГИ И СЛУЖЕЊЕ НА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ, СО НОВА ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДДВ ОД 10 ОТСТО НАМЕСТО СЕГАШНАТА РЕДОВНА, ОД 18 ОТСТО. ОВАА МЕРКА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД 1 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА, ПРЕКУ НЕА ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ НАМАЛУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА, ПОНИСКИ ЦЕНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ, НО И ПОГОЛЕМА ЛИКВИДНОСТ НА УСЛУЖНИОТ СЕКТОР, ИЗЈАВИ МАРКОСКА.

Како Влада, нагласи таа, и натаму остануваме целосно посветени на обезбедување поддршка на секој граѓанин и секоја компанија погодени од глобалната пандемија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •