јуни 6, 2023

Македонија според индексот за успешност на странските инвестиции на ФТ, ја нема ни помеѓу првите 50 држави

Согласно британскиот весник Фајненшл тајмс (ФТ) Македонија според индексот за успешност на странските инвестиции во 2016 се наоѓаше на високото 3-то место, во 2018 падна на 18-то место а за 2019 Македонија ја нема ни помеѓу првите 50 држави на ранг листата на ФТ.

Ранг во 2018 и 2019

Ако се вратиме 4 години наназад, во предизборната кампања на СДСМ, ветувањето на Заев беше дека гиганти од рангот на „Google“ и „Facebook“ ќе инвестираат во Македонија. Не само што тоа не се случи, туку и оние кои ги имавме, планираат да ги намалат капацитетите, а некои и да ги затворат фабриките.

Ако се погледне табелата на ФТ ќе се види дека земји од рангот на Того, Руанда, Мозамбик, Зимбабве, Сенегал… се далеку пред нас.

За авторот

Сподели