октомври 25, 2020

Левица: Шахпаска бега од побарувањата на стечајниците од „Треска“ вредни 3 милиони евра

Поранешните работници од АД „Треска“ бараат да им бидат исплатени заостанатите плати и придонеси во вкупен износ од 3 милиони евра, но министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се прогласила за ненадлежна за овој проблем на вчерашната средба со претставници на стечајниците од „Треска“, после одржаниот протест пред просториите на МТСП, соопштија од Левица.

„Во обид министерката да издејствува позитивен исход во нејзина полза се обиде да им понуди социјална помош на дел од овие луѓе, но не сакаше да посочи кога истите ќе ја добијат! На овие понуди од министерката, претставниците на работниците реагираа бурно при што ѝ укажаа дека тие имаат конкретни побарувања кои што самите ги сработиле со сопствениот труд и не бараат ништо што тие го немаат заслужено“, се вели во соопштението од Левица.

Од Левица велат дека тие и предложиле на министерката Шахпаска да се донесе Закон за материјално обезбедување на стечајците, со што стечајци на ниво на цела држава ќе ги добијат своите заостанати плати и придонеси, но таа одговорила негативно.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •