октомври 25, 2020

Им влезе страв во коски: Сите земји во светот енормно ги зголемија нарачките за вакцини против сезонски грип!

Земјите ширум светот нарачаа рекорден број вакцини против грип со надеж дека ќе ги избегнат последиците од „судирот“ на есенскиот грип и пандемијата на коронавирусот.

Само САД нарачаа помеѓу 194 и 198 милиони дози, што би било доволно за повеќе од половина од американската популација, а минатата година оваа вакцина ја примиле помалку од половина од возрасните во таа земја.

Постојат голема загриженост затоа што влегуваме во зима, а со тоа и во сезоната на грип. Се плашиме дека ќе имаме страшно преклопување – изјави директорот на американскиот Национален институт за здравство, Ентони Фаучи.

Фармацевтскиот гигант Санофи Пастер вели дека Германија исто така ги зголемила нарачките оваа година – од вообичаени 18 милиони дози на 26 милиони дози.

Италијанските лекари исто така изразија загриженост поради што го намалиле прагот за примање на бесплатна вакцина за грип од 65 на 60 години.

Светската здравствена организација (СЗО) ги охрабри сите земји кои се грижат за залихите да дадат приоритет на давање вакцина против грип на здравствени работници и стари лица.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •