октомври 29, 2020

Рама: „Мини шенген” ќе донесе признавање на Косово од страна на Србија

На заедничката седница на владите на Албанија и Косово, што денеска се одржа во Тирана, албанскиот премиерот Еди Рама се задржа и на иницјативата за мини шенген.

Меѓу другото, Рама изјави дека „проширувањето и интеграцијата на пазарите во регионот не носи ништо лошо, напротив носи поголема економија, вработување и можности за мир или конечно решавање на основното прашање, а тоа е признавање на Косово од страна на Србија”.

Тој додаде дека регионалната соработка ќе биде во корист на албанската младина, во Албанија, во Косово и насекаде, нагласувајќи дека младинскиот проект е проект на конечен излез од канџите на историјата, што ќе создаде повеќе можности.

– Мини шенген е проект на албанската младина, во Албанија, Косово и насекаде. Тоа е проект на сите оние кои денес се во градинка, во основните училишта, на возраст без право на глас, за кои е голема одговорност да одлучиме. Тоа е проект на младите, бидејќи тоа е проект на конечен излез од канџите на историјата и на нашето раселување на поголем простор, што за сите ќе создаде повеќе здив и можности за сите нас наведе Рама.

Тој додаде дека е време „ регионот да го вратиме од црна дупка во перцепцијата на другите во атрактивна област на можности за инвестирање”, но исто така ќе се обезбеди голема поддршка за сите за конечна интеграција во ЕУ.

– Не смееме да живееме со илузии, мора да живееме со реалноста и да ја гледаме низ очите на најмалите. Верувам дека нашата соработка во овој правец е отворена денес. Времето на ѕидови помина и ние мора да го искористиме овој момент, извршувајќи ги сите задачи една по една, истакнало премиерот Рама.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •