Произведувачите на руската вакцина против ковид-19 се подготвени да му помогнат на Трамп

Шефот на центарот „Гамалеја“, кој е задолжен за развој на првата вакцина против корона вирусот „Спутник V“, за руските медиуми изјави дека се подготвени да му помогнат на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е заразен со корона вирусот, доколку дојде официјално барање до руските власти.
Мислам дека ќе можеме да им помогнеме доколку тие официјално им се обратат на руските власти“, рече Гинцбург.
Тој исто така ги советуваше колегите на американскиот претседател да се вакцинираат со руската вакцина против короната.
Мислам дека тие ќе го решат тоа со нивниот претседател. Господ нека им биде на помош. Патем, би било добро да се вакцинираат со руската вакцина, рече Гинцбург.
На потсетувањето на новинарите дека Трамп е веќе позитивен на вирусот корона, Гинцбург го насочи вниманието и на други владини претставници во Соединетите држави, нагласувајќи дека „таму има и потпретседател“.
Трамп претходно на Твитер објави дека тој и првата дама Меланија Трамп се позитивни на вирусот корона. Лекарот на Трамп, Шон Конли изјави дека претседателот и неговата сопруга се добри и дека очекува Трамп да продолжи со извршувањето на своите должности како шеф на државата „без прекини“.