Покрај учениците, доволно компјутери немаат ни наставниците

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) соопшти дека покрај учениците, со проблеми за онлајн-настава се соочуваат и голем број наставници што немаат компјутери и дека според Законот за работни односи работодавецот е должен да обезбеди средства за работа.
Овој синдикат ја повикува министерката за образование Мила Царовска поскоро да предложи мерки за надминување на проблемот. Од неа чекаат одговор и на нивното барање за средба бидејќи, како што наведува, тие се легитимен синдикат за образование.
За авторот
Сподели