НУЖНИЦИ

Требаше да се појави ковидот, па да сфатиме во каква мизерија живееме. Додуша, не да не знавме за неа, туку досега не ѝ го пружавме нужното внимание. Конечно, помеѓу другото, продре во нашата свест сознанието во каков систем и во какви објекти се школуваат и образуваат нашите деца. Доволно е само да се погледаат училишните н у ж н и ц и. Намерно го употребувам зборот „нужници“ (ризикувајќи на некоја префинета и нежна душичка да зазвучи дегутантно) бидејќи нужниците не се прават заради нечиј ќеф или за задоволување на луксузна потреба, туку тие се прават заради нужда. Затоа и се нужници. Ако нужниците – значи тоа што треба да задоволи една елементарна човекова потреба – се во ваква состојба, тогаш само можеме да си замислиме како изгледаат останатите нешта во оваа недржава, како и начинот на кој се задоволуваат другите човечки потреби.
Во меѓувреме, со видео обраќање, се јави Филипче. Господинот бара граѓаните (што значи, неродот) да имале разбирање и подршка за владините одлуки, неводејќи сметка дека работите стојат обратно – не постои народот да ја разбере и поддржува власта, туку власта постои да ги разбере и поддржи потребите на народот, бидејќи, ако се продолжи вака, сѐ повеќе ќе запаѓаме во заслепувачки светлата иднина. Сепак, и понатаму, Европа не ја вадат од устата.

Фејсбук статус на Љубомир Цуцуловски