Млекопроизводителите на протест бараат исплата на субвенциите за 2019 и 2020 година

Пелагониските млекопроизводители денеска излегоа на предупредувачки протест со барање да им бидат исплатени субвенциите за млекото за 2019 година и 6 месеци од 2020 година. Тврдат дека се забореване од власта, пари нема, а производствените трошоци секојдневно им се зголемуваат. Бараат парите за неисплатените субвенции за година и пол да се обеббедат со ребалансот на буџетот.
-ДА СЕ ИСПАЛАТАТ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ЦЕЛА 2019, ПОЛОВИНА ОД 2020 И СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ГРЛО ДОБИТОК ЗА 2020, БИДЕЈЌИ НАШИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФИРМИ, НАШИТЕ ФИЗИЧКИ ЛИЦА, НЕ СЕ ОПФАТЕНИ ВО НИТУ ЕДЕН ПАКЕТ, РЕЧЕ БОРЧЕ БУЧИНСКИ, МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛ ОД МОГИЛА.
-Ние имаме трошоци, се оди нагоре, се се поскапува, а нашето млеко стои во место, ниту се споменува дека ќе му се помогне на сточарот, вели Гоце Кантаровски, млкопроизводител од Могила.
Не се задоволни ниту со откупните цени на млекото. Велат, млечните производи постојано поскапува во малопродажба, но од тие покачувања за нив нема ни денар, поради што нема интерес за сточарството, а сточарите се десеткувани.
-НА ВРЕМЕТО ПОСТОЕШЕ ЗАКОН, ЗА МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ОДЕШЕ 65 ПРОЦЕНТИ ОД МАЛОПРОДАЖНА ЦЕНА. СЕГА НИЕ СЕ МОЛИМЕ ЗА НАШИОТ ПРОИЗВОД КАКО ПИТАИ. НЕМА ШТО ДА БАРАМ, НЕКА НИ ПЛАТАТА 60 ПРОЦЕНТИ ОД МАЛОПРОДАЖНА ЦЕНА. АКО ГО ПРОДАВА 100 ДЕНАРИ, 60 ДЕНАРИ ЗА НАС. СЕГА Е ОБРАТНО, НЕМА 40 ПРОЦЕНТИ ЗА НАС, ВЕЛИ ИЛИЈА ОГНЕНОВСКИ, МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛ ОД МОГИЛА.
Млекопроизводителите од Пелагонија најавија радикални протести, со блокада на магистрални патишта, доколку за една недела не добијат одговор за нивните барања. Од подрачното оддделение на Министерствот за земјоделие, велат дека се прават напорти пари за субвенциите за 2019 година да се обезбедат со ребаланс на буџетот.