октомври 25, 2020

Итен состанок на здравствените власти: Се анализира состојбата по алармантниот број новозаразени

Министерот за здравство Венко Филипче свика итен состанок со Комисијата за заразни болести, откако денеска во македонија има рекорден број новозаразени со корона Вирусот. 

-Во моментов имам консултативна средба со членовите на Комисијата за заразни болести, ја анализираме актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19. Повеќе информации по завршување на средбата, информира министерот Филипче.

Инаку, највисоката бројка на позитивни случаи на корона вирусот е регистриран на 18 јули и изнесува 241.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •