ДКСК утврдила злоупотреби на апанажата, пратеници земале плата од државата па се вратиле на старото работно место

7 пратеници по завршување на мандатот 1 година живелее на државна сметка, па се вратиле на старото работно место. Последниот извештај на антикорупциска за периодот од 2015 до 2018-та покажува дека правото на апанажа најмногу го користат Владата и Собранието. Во овој период биле потрошени близу 2 милиони евра за 107 пратеници и министри.
„Анализата покажува дека избраните и именуваните лица по престанокот на функцијата на која се избрани максимално го користат правото на апанажа пред се поради високиот износ што го добиваат,а кој согласно законите е во висина на месечната плата и тоа треба да се намали“ вели Катица Николовска, член на ДКСК.
Бројни злоупотреби на државни пари анктикорупциска детектира и во јавните институции, самостојните државни органи, регулаторните тела. Директорите сами на себе си одобруваат користење на службени возила и надвор од работно време, го користат правото на закуп на стан и бизнис картички со големи месечни лимити.
„Нашите препораки се Владата и Собранието да пропишат општи правилници со кои ќе се регулира користењето на буџетски ресурси – возила, репрезентација, висина на закуп и режиски трошоци. Владата да изврши и анализа на оптимален број членови на Управни одбори кај институциите“ вели Николовска.
Од новиот собрансики состав, 12 пратеници се уште немаат доставено анкетни листови до антикоруционерите, додоека 6 народни избраници го пречекориле рокот. За сите нив, ДКСК ќе поднесе прекршочни пријави.
Прилог Тв Сител