јуни 7, 2023

Бугарски историчар: Желбата за македонска држава, идентитет и јазик му претходи, а не е творба на АСНОМ

Стефан Дечев, експерт за современа бугарска историја и историографија, во долга анализа за Радио Слободна Европа на бугарски јазик, пренесува Експрес.мк, со контрастав на официјална Софија за македонската држава, нација и јазик, оспорени со Меморандумот до Европската унија.

„Старата југословенска историографија го крие учеството на десницата во борбата за македонска државност. Но, тие исто така покажуваат нешто друго. Желбата за македонска држава, идентитет и јазик им претходи, а не следува на АСНОМ и на Титова Југославија.

Вистина е дека југословенскиот политички контекст ќе има значително влијание врз практичната имплементација на овој проект. Зборовите Македонија, Југославија, Србија треба да бидат напишани на ист начин на македонски и српски јазик. Ниту една буква што постои во бугарското кирилично писмо и ја нема во српската кирилица нема да остане во македонското кирилично писмо.

Но, желбата за сопствена држава со свој јазик е резултат на нормална историска еволуција и му претходи на АСНОМ, и не е негова творба, како што нè уверува Меморандумот. Како и враќањето кон некакво автентично македонство без влијание од југословенскиот комунистички контекст и Белград е прашање на разговор во самото македонско општество. Сепак, тоа тешко дека ќе го спроведе во присуство на ултиматуми од Софија на патот кон Брисел“, заклучува професорот на Југозападниот универзитет во Благоевград и на Софискиот универзитет, а бил и визитинг професор на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид и на Универзитетот во Грац.

Извор: Експрес.мк

За авторот

Сподели