октомври 22, 2020

Белорусија воведе контра – санкции кон ЕУ

МНР на Белорусија денеска состави список на лица на кои им е забранет влезот во Белорусија како одмазда за санкциите на Европската унија.

„Белорусија воведува список со санкции од денеска како одговор на наметнатите од Европската унија“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерството додава дека списокот нема да биде објавен во јавноста.

Лидерите на Европската унија денеска го пробија ќор-сокакот и воведоа санкции за Белорусија по повеќечасовни преговори на самитот што треба да заврши во текот на денот.

Кремљ денеска соопшти дека санкциите на Европската унија воведени против Минск се „повеќе доказ за слабоста (на Европејците) отколку нивната сила“.

„Знаете дека генерално сметаме дека политиката на санкции е лоша“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека е „позитивно“ тоа што Лукашенко не бил под санкции.

Санкциите што ги бара белоруската опозиција се однесуваат на четиринаесет белоруски функционери обвинети за репресија врз опозициските лидери или за фалсификување на резултатите од претседателските избори на 9 август.

Санкциите, кои стапија на сила денеска, ги замрзнуваат средства во Европската унија насочени кон белоруските официјални лица и ги спречуваат да влезат во Унијата.

Повеќе од 12 000 луѓе се уапсени откако претседателот Александар Лукашенко беше прогласен за победник на изборите на 9 август, кои опозицијата ги прогласи за наместени.

Поради сузбивање на опозицијата, санкциите и беа воведени на Белорусија од Велика Британија, САД и Канада.

Претседателот Лукашенко (66), кој е на власт 26 години, ги отфрла повиците на опозицијата за негова оставка и го обвинува Западот за поттикнување немири во неговата земја, а неговиот силен сојузник Русија неодамна му обезбеди помош од 1,5 милијарди евра.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •