октомври 23, 2020

H&M во Германија е казнета со 35 милиони евра за шпионирање на вработени

Менаџментот на шведската марка собрал голема количина на податоци за приватниот живот на вработените, заклучи народниот правобранител. Компанијата им се извини на вработените и објави дека ќе ја анализира одлуката на Народниот правобранител на Хамбург.

Германскиот јавен правобранител го казни шведскиот моден ланец H&M со 35,3 милиони евра за собирање податоци за приватниот живот на вработените. Надзорот бил насочен кон неколку стотици вработени кои работат во сервисен центар во баварскиот град Нирнберг, се вели во соопштението на Хамбургската комисија за заштита на податоците и слободата на информациите, пренесува ДПА. Барем од 2014 година, раководството на H&M собрало „голема количина на податоци за приватните животни околности на вработените“ во Нирнберг, вклучувајќи здравствени дијагнози, семејни проблеми и верски убедувања.

Детали зачувани во системот

Деталите често беа евидентирани и дигитално зачувани во системот и беа „достапни на најмалку 50 други менаџери во компанијата“. H&M рече дека „инцидентот откри практики за обработка на приватни податоци на вработените кои не биле во согласност со процедурите на H&M“. Компанијата преку соопштение им се извини на вработените и најави дека ќе ја анализира одлуката на народниот правобранител во Хамбург.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •