октомври 27, 2020

Фатиме Фетаи: Обвинителка или модна икона?

Обвинителката Фатиме Фетаи ги менува фризурите и стилот на облекување, ама останува доследна на театралноста, црвениот кармин, црвениот лак на долгите нокти и драматично нашминканите зелени очи. Како моќна фигура на судењата кои ја потресуваат и предизвикуваат внимание во македонската јавност, ја дозира и моќноста на облеката. Еднаш избира строги т.н. машки костуми во темни бои, а другпат поженствени фустани на кои не сме навикнати во судниците ниту, пак, на прес-конференциите. Нејзиниот стил на облекување ја воодушевува или ја иритира јавноста, особено ако станува збор за луксузни модни додатоци.

Фатиме Фетаи

На изрекувањето пресуда за случајот „Насилство во Центар“ во белиот комплет со сексапилно деколте и драматичните очила за сонце, Фетаи изгледаше како модна икона, а Кривичниот суд заличе на модна писта. Дамскиот изглед беше надополнет со бел рачен часовник, бисерни обетки, со црни високи потпетици и црно-бела брендирана чанта. Еден друг модел на чантата „Гучи“ , што претходно Фетаи го носеше, ја крена модната температура во Македонија. Се уште се зборува за „Принцеза Маргарета“ која ја подели јавноста: дали е скапа или евтина, оригинал или копија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •