Трагедија во Хрватска – отишол на дијализа, а сестрите му дале дензифициенс наместо лек

За време на постапката интравенски е применето недозволливо средство кое инаку рутински се применува локално кај такви и слични постапки. И покрај моментно преземените мерки за максимално интензивно и реанимациско лекување, настапи мултиорганско затајување на органите и смрт на пациентот, па е индицирана обдукција – се наведува во соопштението.
Пациент (62) во Чаковец во Хрватска почина за време на хемодијализа, бидејќи за време на постапката примил погрешно средство, соопшти болницата во градот. Медиумите во Хрватска го пренесуваат соопштението во кое се наведува дека врз пациентот, кој бил во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус, завчера била извршена рутинска терапија на хемодијализа.Можеби ќе ве интересира
– За време на постапката интравенски е применето недозволливо средство кое инаку рутински се применува локално кај такви и слични постапки. И покрај моментно преземените мерки за максимално интензивно и реанимациско лекување, настапи мултиорганско затајување на органите и смрт на пациентот, па е индицирана обдукција – се наведува во соопштението.
Министерот за здравство, Вили Берош, во Загреб изјави дека во болницата е испратена здравствена инспекција и потврди оти постои сомнеж за стручна грешка.