октомври 30, 2020

Тежок удар за бугарската мафија: Шпанската полиција им заплени шест јахти полни со 35 тони хашиш. Девет мафијаши завршија во затвор

Шпанската полиција заплени 35 тони хашиш скриени во четири јахти, соопштија локалните власти. Во рацијата беа уапсени девет државјани на Бугарија и Русија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Полицијата соопшти дека уапсила девет Бугари и еден Русин за време на акцијата, што се одржа од 24 до 28 септември, и заплени шест јахти со проценета вредност од 5 милиони евра.

Според Министерството, операцијата била „тежок удар врз најголемата криминална организација вклучена во шверц на хашиш во Шпанија по море“.

Шпанија доби помош од Европол, Оперативниот центар за поморска анализа и властите во Велика Британија, Холандија, Бугарија, Грција и Италија.

Логистичкиот капацитет на бугарските криминални организации кои се занимаваат со трговија со дрога преку бродови е сериозно десеткуван, се наведува во соопштението.

Видеото објавено од полицијата ја покажува неверојатната акција на полицијата на море.

На почетокот на оваа година, 4,6 тони хашиш беа конфискувани од два едриличари од иста криминална група покрај Балеарските острови.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •