јуни 5, 2023

Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ повикува на нов протест: СЈО украло 4,6 милиони евра, Обвинителството молчи, чека насоки од мафијата!

Мафијата секојдневно удира по темелите на државата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук, повикувајќи на протест против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство. Протестот ќе се одржи в сабота во 18:30 часот.

Економијата е во колапс. Во aвгуст индустриското производство опаднало за 10 отсто, а помалку вработени во индустријата има 5 отсто. Според Европската стопанска комора, Македонија е помеѓу последните земји во Европа за водење бизнис во 2020 година, но и со највисок пад од 5 места споредено со 2019 година, потсетува Мицковски.Можеби ќе ве интересира

„Образованието крахира, а владата експериментира со најмладите. Културните работници мафијата ги прогласи за социјално ранлива категорија. Здравството е на колена, секојдневно лекари и медицински персонал го напуштаат. Никогаш не излеговме од ковид-пандемијата, а секој ден броиме наши синови, ќерки, родители кои ги губат животите поради неспособноста на надлежните“, пишува тој.

Мицкоски потсетува дека државниот ревизор констатира грабеж од 4,6 милиони евра во СЈО , а обвинителството молчи, чека насока од мафијата.

„И додека ова се случува продолжува креирањето на лаги и конструкции од власта насочени кон мене и ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? За да не се збору за крахот во државата. Се гледаме на улица!“, повикува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

За авторот

Сподели