мај 27, 2023

ЕУ на самит одлучува за санкциите против Турција

Кипар се заканува дека ќе стави вето на санкциите за Белорусија доколку не бидат воведени и на Турција. Повлекувањето на бродот „Оруч Реис“ беше еден од грчките предуслови за преговори со Турција.

Лидерите на земјите-членки на Европската унија се соочуваат со тешката задача да ги балансираат односите со Турција пред важниот самит. Состанокот на Советот на ЕУ, на кој ќе се најде на дневен ред ситуацијата во источен Медитеран, ќе се одржи во четврток и петок, откако беше одложен минатата недела, бидејќи претседателот на Советот, Шарл Мишел беше позитивен на вирусот корона. Во средата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во писмото до лидерите на 27-те земји на ЕУ напиша: „Би сакал уште еднаш да истакнам дека сме подготвени за дијалог со Грција, без никакви предуслови“.

Тој му порача на Брисел „да остане непристрасен“ во обид да помогне во решавањето на „новиот тест“ на билатералните односи. На 13 септември, Турција го повлече својот истражувачки брод Оруч Реис од водите доделени на Грција со поморскиот закон на Обединетите нации.

Наметнување авторитет на Белорусија

Две членки на НАТО се на работ на вооружен конфликт околу турскиот проект, а повлекувањето на бродот беше еден од предусловите на Грција за преговори. Лидерите на ЕУ се соочуваат со силни барања од Кипар да се заложат за санкции против Турција, чиј брод за сеизмички истражување остана во кипарските води, за што Кипар полага ексклузивни права за експлоатација на минералното богатство под морето Но, казната за Турција е комплицирана од фактот дека ЕУ во моментов се обидува да и наметне авторитет на Белорусија, на која исто така и се закануваат санкции.

Сепак, Кипар се заканува со вето доколку не бидат воведени санкции и врз Турција. „Ќе биде крајно тешко за Кипар да се откаже од заканата за вето ако не добие нешто за возврат“, рече Костас Ифантис, експерт за Турција и професор по меѓународни односи на Универзитетот „Пантеон“ во Атина. Како што се очекуваше, кипарскиот став ги иритираше политичарите од северна Европа, кои се поблиску до белоруската отколку до турската граница. “Кипар продолжува да ги блокира санкциите за репресија и изборна измама во Белорусија. Ова ќе стане силен аргумент во прилог на напуштање на принципот на едногласност за прашања како овие”, напиша на Твитер Карл Билд, поранешен шведски премиер и сега копретседател на Европскиот совет за надворешни односи.

Германско предупредување до Кипар

Германија, која е претседател на ЕУ, што помогна да се воспостават преговори меѓу Грција и Турција, наводно му порача на Кипар да не очекува санкции за Турција, што само ќе ја зајакне позицијата на Турција и ќе донесе контрапродуктивни резултати.

“Не ја разбирам логиката. Вие имате сила со армијата во Сирија, Кипар, Ирак и Либија. Во три земји, тие се таму незаконски … и ние имаме ЕУ што е опседната со [белорускиот претседател Александар] Лукашенко затоа што тој не одржа фер избори.” , вели Ангелос Сиргиос, професор по меѓународно право и член на Европскиот парламент.

Дипломатскиот конфликт ескалираше на 21-ви јули, кога Турција објави дека планира да бара нафта и гас во водите доделени на Грција.

За авторот

Сподели