октомври 30, 2020

Ердоган им порача на светските сили да не се мешаат меѓу Ерменија и Азербејџан

Турција веднаш реагираше на повикот на Русија, Соединетите држави и Франција за итен прекин на огнот меѓу азербејџанските и етничките ерменски воени сили околу Нагорно Карабах и рече дека трите земји не треба да имаат никаква улога во мировните нaпори

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Франција, Русија и САД се копретседавачи на т.н. Минска група на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), формирана во 1992 година за да посредува во деценискиот конфликт околу планинската енклава.

Трите суперсили повикаа на мир во време кога областа, населена претежно со Ерменци, а која припаѓа на Азербејџан, е сцена на најлошите конфликти од 90-тите години наваму.

„Повикуваме на итен прекин на непријателствата меѓу релевантните воени сили“, објавија тие во заедничкото соопштение, во кое се повикуваат и Ерменија и Азербејџан „да се вратат без одлагање, со добра волја и без какви било предуслови, на преговори под покровителство на Минската група на ОБСЕ“.

Но, во говорот пред турскиот парламент пред да биде дадена изјавата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека се спротивставува на нивното мешање во спорот.

„Со оглед на тоа што Соединетите држави, Русија и Франција го занемарија овој проблем скоро 30 години, за нив не е прифатливо да учествуваат во напорите за постигнување примирје“, рече тој.

Тој рече дека трајното примирје може да се постигне само доколку „ерменските окупатори“ се повлечат од Нагорно Карабах.

Десетици луѓе се убиени и стотици повредени во конфликтот од неделата, што предизвика загриженост за стабилноста на Јужен Кавказ, важен коридор за транспорт на нафта и гас на светските пазари.

Нагорно Карабах се одвои по војната во периодот 1991-1994 година, во кој што беа убиени најмалку 30 000 луѓе.

Аналитичарите стравуваат дека Русија и Турција можат директно да интервенираат во конфликтот и тоа на спротиставените страни.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •