октомври 20, 2020

Водечкиот црногорски епидемиолог тврди: Короната ни се шири како во Бергамо на почетокот на пандемијата

Интензитетот на пренесување на коронавирус во Црна Гора е дури и поголем отколку што беше во Бергамо, Италија, на почетокот на пандемијата, тврдат епидемиолозите од Црна Гора.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Епидемиологот од Црногорскиот институт за јавно здравје Драган Лаушевиќ за РТЦГ изјави дека разликата помеѓу моменталната состојба во Црна Гора и состојбата во Бергамо и во Италија на почетокот на пандемијата е во тоа што во Бергамо беше многу повеќе погодено постарото население, додека новите случаи во Црна Гора се претежно помлади од 40 години.

Во текот на изминатата недела, процентот на позитивни достигна до 40 проценти од тестираните, што укажува на тоа дека интензитетот на пренесување е исклучително висок, рече Лаушевиќ, обидувајќи се да го објасни зголемувањето на бројот на пациенти во Црна Гора во последните 14 дена споредувајќи го со Германија.

Ако го погледнеме фактот дека во последните 14 дена имавме просечно околу 200 заразени лица на ден, тоа би значело еквивалентно, ако бевме еднакви по популација со Германија, дека имавме околу 350 илјади заразени во тие 14 дена. За споредба, од почетокот на пандемијата во февруари во Германија беа регистрирани 285 илјади заразени. Ние за 14 дена имаме повеќе отколку Германија за цели седум месеци, рече Лаушевиќ.

Здравствените власти на Црна Гора во понеделникот потврдија 197 нови инфекции со коронавирус и пет смртни случаи поврзани со ковид-19. Или вкупно над 10.000 заразени од почетокот на пандемијата, или 1,5 процент од црногорското население и 169 жртви од март досега.

Црна Гора бележи голем пораст на бројот на пациенти по парламентарните избори одржани кон крајот на август, кога и владата и опозицијата организираа масовни политички митинзи, а епидемиолозите проценија дека во тие неколку дена повеќе од 100.000 луѓе или скоро една петтина од вкупното население во земјата, беа излезени на митинзи на црногорските улици.

На почетокот на јуни, Црна Гора се прогласи за прва земја без корона во Европа и поради тоа започна да гради кампања за летната туристичка сезона. Сепак, вирусот наскоро се врати и брзо се шири меѓу црногорската популација.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •