(ВИДЕО) Азербејџан гранатираше ерменски позиции во Нагорно Карабах

Во текот на ноќта, артилериските единици на азербејџанската армија извршија напади на позициите на ерменската армија стационирана на територијата на Нагорно-Карабах, соопштија од Министерството за одбрана на Азербејџан.
Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалираше во текот на вчерашниот ден, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за иницирање на конфликтот.
Борбите се интензивираа во текот на изминатите неколку дена, се вршат артилериски напади, уништени се голем број на тенкови, дронови и хеликоптери, а се проценува дека има стотици загинати на двете страни.
Во текот на ноќта азербејџанската армија изведе голем артилериски напад на позициите на ерменската армија, а од тамошното Министерство за одбрана објавија видео од нападот.