октомври 27, 2020

Јанкулоска од затвор донесена на судење со лисици на рацете

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска од затворот „Идризово“ беше доведена на судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ со лисици на рацете.

Јанкулоска е обвинета за случајот со масовното прислушкјување, а во затворот беше спроведена во понеделникот како осудена на четири години затворска казна во предметот „Тенк“ за незаконска набавка на владиниот мерцедес од 600.000 евра.

На денешното рочиште главно се повикани сведоци од новинарската фела, а покрај Јанкулоска, обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и вработени во поранешната управа. 

Тие се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •