октомври 25, 2020

ЗАЕВ КОНЕЧНО ПОСТАПИ ЗАКОНСКИ, РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ОСТАНУВА ФЛЕКСИБИЛНО ПО СТАРО

ЗАЕВ ЈА ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА, РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ОСТАНУВА ФЛЕКСИБИЛНО ПО СТАРОПремиерот Зоран Заев денеска одлучи да не ја потпише вчерашната одлука на Владата за ново работно време само од 8 до 16 часот што требаше да стартува од 1 октомври. (Фото: Влада )

Останува флексибилното работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 до 15:30 и од 8:30 до 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа, откако премиерот Зоран Заев одлучи да не ја потпише вчерашната одлука на Владата за ново работно време само од 8 до 16 часот. Новото работно време требаше да стартува од утре, 1 октомври.

„Претседателот на Владата Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата. Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата“, соопшти Владата.

Флексибилното работно време беше воведено од 1 септември 2017, а Владата тогаш образложи дека е за да се подобрат условите за вработените во јавната администрација и да се подобри процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.

Против вчерашната одлука на Владата за укинување на флексибилното работно време реагираше и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), од каде велат дека бидејќи не биле информиран и консултирани како социјален партнер, со оглед на тоа што во Гранскиот колективен договор потпишан со Владата во почетокот на оваа година, е утврдено дека работното време е флексибилно.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •