јуни 7, 2023

ВЛАСТА ПЛАНИРА ИЗБОРИ ВО ШТИП И ПЛАСНИЦА ПРЕД НОВА ГОДИНА

Пред Нова година, власта според информациите на ТВ 24 планира да се гласа за градоначалници во Штип и Пласница. Планот, според информациите на ТВ24 од висок владин функционер е првиот круг да се оддржи на 13 декември, а вториот на 27 декември. Аргументите според владиниот функционер за овој термин е дека шесте месеци во кој општините можат да бидат раководени од в.д градоначалник истекуваат во февруари, но стравувањата за после Нова година се дека ќе има во периодот јануари –февруари и дека пандемијата со коронавирусот ќе се зголеми.

За ова да се случи собранискиот спикер Талат Џафери ќе мора многу скоро според роковите да ги распише изборите во овие општини. 

Предвремени избори во овие општини се одржуваат пордаи фактот што Благој Бочварски градоначалникот на Штип стана Минситер за транспорт и врски, а градоначалникот на Пласница  Исмаил Јахоски пратеник. 

Според неофицјалните информациии за можен кандидат во Штип од СДСМ се споменува пратеникот Сашко Николов, а од ВМРО-ДПМНЕ исто така пратеникот Иван Јорданов .

За Пласница од албанскиот блок велат дека се уште не размислувале за кандидати.

За авторот

Сподели