октомври 22, 2020

Фокус: Главната сестра на Инфективна и уште две колешки даваат отказ, причината е деградирање на профилот медицинска сестра

Главната сестра на скопската Инфективна клиника си поднела отказ од работното место за што протече документ со барање за отказ на социјалните мрежи. Во самиот документ, таа на 21 септември, годинава поднела барање до управата да се прифати нејзиното отказно решение со образложение дека е деградирана како медицинска сестра.

„Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од месец дена,  во кој период ќе го користам годишниот одмор од 2019 и 2020 година. Причините да ја напуштам клиниката по 28 години професионална работа се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим – се наведува во документот испратен до управата на клиниката.- Advertising –

Таа не е единствената која си заминува од клиниката, бидејќи отказ поднеле уште две медицински сестри. Другите две сестри своите барања ги доставиле вчера, поточно на 28 септември, со речиси истото образложение. 

Најстрашно во целата приказна е што тоа се случува во најголемата пандемиска криза во земјава, кога секојдневно има по повеќе од 100 заразени и по осум починати од Ковид 19, а медицинскиот персонал е најнеопходен.

„Фокус“ испрати прашања до директорката на скопската Инфективна клиника, Милена Стефановиќ за да појасни зошто трите медицински сестри си даваат отказ, но таа не одговори на нашите прашања.

Исто така, одговор не добивме и од актуелниот министер за здравство Венко Филипче. Тој најпрвин не одговори на нашите телефонски повици, а подоцна не врати и на смс пораката.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •