По втората неуспешна проба, Царовска ветува надминување на проблемите со Платформата за он – лајн учење

По вчерашното „паѓање“ на Националната платформа за учење на далечина и неодржаниот пробен час, дел од наставниците и професорите се одлучија денеска повторно да се обидат да стапат во контакт со своите ученици.Втор ден се тестира онлајн платформата на која основците и средношколците ќе почнат да слушаат предавање за два дена . Вчера биле најваени повеќе од 88 .000 ученици што го бутна системот . Дури и оние кои успеаа да се вклучат за кратко изгубија конекција. Министерката за образование пак денеска со став дека очекувано е во првите две недели од школската година да има проблеми со влегување во платформата .
Платформата ќе треба да биде на располагање на околу 250 илјади ученици и 26 илјади наставници. Систем инженерите , како што вчера за Телма изјави од ФИНКИ во од ќе го решаваат креирањето на предметите и поврзувањето на учениците со предметите.Додека пак, приклучувањето на нови сервери на мрежата ќе се прави навечер кога таа нема да се користи. Освен проблемите со онлајн наставата, наставниците ќе треба да работат и повеќе од законски пропишаните 23 школски часа неделно во новата учебна година. За СОНК неприфатливо е наставниците да имаат повеќе часови од дозволеното.
За околу 40 000 ученици кои немаат комјутер , а нема да одат на класична настава, надлежните решение најдоа во 15 минутни часови кои ќе се даваат на МТВ.