јуни 6, 2023

Не сум никако поврзан со хидроцентралите, ги продадов сите удели, тврди Мицкоски

Не сум ни директно, ни индиректно поврзан со малите хидроцентрали и со производството на струја, тврди лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју на Топ Тема.

Мицкоски вели дека ги продал сите удели во хидроцентралите, но не откри колкав приход остварил од продажбата на уделите, но вели дека „бил на своето“.

Поскапувањето на струјата беше една од причините поради кои опозицијата излезе на протести. Мицкоски тврди дека тој нема никаков интерес и се повика на Антикорупциската комисија која го испитуваше овој случај со хидроцентралите.

За авторот

Сподели