јуни 6, 2023

Немирите во Кавказ ја „ослабеа“ турската лира

Немирите во Кавказ ја „потопија“ турската лира, поради страв дека Турција ќе се вмеша. 

Лирата е на рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар, еврото и британската фунта, поради загриженоста дека Турција би можела да се вклучи во конфликтот на Кавказ. 

Таа се намали за два проценти во однос на доларот и беше на пат да го доживее својот најлош ден од почетокот на август. 

Оваа валута изгуби половина од својата вредност за помалку од три години, пренесува Ројтерс.

Интензивната распродажба ги избриша добивките остварени лани, кога централната банка неочекувано ги зголеми каматните стапки за два проценти на 10,25 проценти – првото зголемување на каматните стапки во последните две години. 

Тоа беше за стабилизирање на лирата и справување со инфлацијата.Во последните години лирата доживува кризи. 

Во неколку наврати падна на многу ниско ниво во однос на другите валути. 

Турците дури повикуваа како чин на патриотизам да се купува со лири. 

Како што се одвива конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија, за областа Нагорно Карабах,  станува јасно дека зад сето тоа се крие судир меѓу Русија и Турција.

Русија има одбранбен сојуз со Ерменија, а Турција ја поддржува својата етничка заедница во Азербејџан, пишува Ројтерс. 

Во Нагорно Карабах, кој се наоѓа во Азербејџан, мнозинството од населението се Ерменци.

За авторот

Сподели