октомври 22, 2020

Димитриеска – Кочоска: Третиот пакет на мерки се реализираше само 13% (видео)

Помпезно најавуваниот предизборен трет пакет на мерки во износ од 355 милиони евра заврши со реализација на 47 милиони евра односно не цели 13% реализација и тоа за предизборен поткуп на населението кое што владата многу сакаше да го помогне, за да еден месец по избори го опустоши со растот на цената на електричната енергија кој што е висок трошок за секое македонско семејство, обвини Гордана Димитриеска – Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, изостанала поддршката на фирмите за вработените и токму четвртиот пакет на мерки е доказ дека истата не била реализирана со третиот пакет мерки.

„Правилното буџетско планирање се заснова на правилна оцена на состојбите во економијата, на правилна антиципација на идните движења и мерки кои нема да бидат ад хок мерки, туку мерки кои ќе имаат долготрајно и системско значење. Ако беше така немаше да ни требаат 4 пакети на мерки туку еден до два, ама вредни во обем и со навремена интервенција. Потребна е реализација на мерки за спас на економијата а не гол популизам, зошто изборите завршија. Треба да се направи реална анализа колку од 4 пакет мерки се наменети за стопанството и губењето на работни места“, рече  Димитриеска – Кочоска.

Таа праша дали Владата размислува за оние 40.000 кои што ги изгубиле работни места во јули и август?

„Откако ги дадоа картичките како предизборен поткуп, ја покачија струјата, зошто во економијата е јасно сметката некој треба да ја плати. После ваков сет на мерки кој нема да влијае на подобрување на економијата ни останува да чекаме повторно повисоки сметки. Се поставува прашањето каде ќе имаме поскапувања“, изјави  Димитриеска – Кочоска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •