Денес е Меѓународен ден на Бошњаците

28 Септември, се одбележува како Меѓународен ден на Бошњаците. По тој повод честитка до бошњачката заедница во Земјата упати претседателот на Република Македонија, Пендаровски.
Заедно со останатите етнички заедници и бошњачката искрено и неуморно го дава својот придонес во сите сфери на општествениот, економскиот и културниот живот во нашата земја, придонесувајќи во градењето на едно општество за сите. Горди сме што почитта, заедништвото и уважувањето на различностите се силата на нашата заедничка татковина. И понатаму како држава ќе продолжиме со исполнување на највисоките стандарди во заштитата на етничкиот, јазичниот и верскиот идентитет на сите наши граѓани и посветено ќе работиме на негување и промоција на бошњачката култура и традиција. – истакнува во честитката претседателот Пендаровски.
Во оваа прилика тој упати апел во период кога се очекува вториот бран од пандемијата со Ковид-19 граѓаните да останат сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитат себеси и останатите.