Артан Груби како негација на сите квалитети и типично албански одраз на Заев и Мицкоски

Дебатата за вработување на албанците во приватни претпријатија уште еднаш ја потврдува равенката дека македонскиот национализам е легалистички манипулативен додека пак албанскиот е политички манипулативен. Диаметрално спротиставени, но сплотени во камуфлирање на партијските интереси.
Она што ДУИ сака веќе го има кажано – прекин на доминацијата врз економијата од страна на македонските партии низ вепонизација (weaponization)на економијата за етно-партијски интереси. Проблемот на македонските партии е што предлогот доаѓа од албанска партија, елем веднаш етикетирана како националистичко барање. Пораките од СДСМ и ВМРО се дека само тие се носители на ексклуизвното право да определуваат што е граѓанско а што е националистичко, со тоа потврдувајќи ја сопствената националистичка матрица на ексклузивност. Тоа посебно се однесува на СДСМ која по поразот на изборите веќе не е носителка на “едно општество” според ексклузивната нарација скроена според интересите на Зоран Заев. Тој ексклузивитет е сега рамномерно споделен од ДУИ, и Артан Груби тоа го потврдува во секој негов настап. Се разбира, неговото спомнување на едно-општесието во ушите на Македонците го има идентичниот ефект на спомнувањето на Заев и компанија во ушите на Албанците – ефтина пропаганда.
СДСМ и ВМРО се навикнати да преку контрола на економијата ги условуваат албанците, турците, бошњаците, ромите, србите да се откажуваат од сопственото етничко претставништво и се преориентираат кон нивните партии како лукративна мамка.
Три деценијското искуство со таквиот “граждански” концепт кај овие народи резултира со копирање на искуството на самите македонци со сопствените партии – мултипликација на клиентела, процут на беда и гној во политиката, подем на кецарошки бабасера експертки, лоповлук, криминал, корупција диктиран од менталитетот на послушност кон СДСМ и ВМРО а не кон Уставот, законите и сенешто што пропонентите на македонскиот легалистички национализам го мавтаат како перде пред очи. Демонстрација на таа легалистика е во меракот на македонските легал-националисти да се размамвнуваат со термини за “индивидуализам, лични успеси, способност, професионалност, образованост”, недостатокот на кои редовно го детектираат кај не-македонците, но ретко кога во сопствените редови. Пример за лажната моралштина на таквите “часно и поштено” оценки се лесно видливи – од изборот на Претстедателот на земјата до моно-етничките средби на Водно дебати на Заев и Мицкоски со наци-социалистичко исклучување на “неподобните” според етнички клуч.
ДУИ го бара истото, идентичното право да преку економијата си ги консоллидира влијанијата кај албанците, но и кај другите народи заситени од “етно-граѓансккиот концепт” на СДСМ и ВМРО. Се разбира дека под “вработување Албанци” се подразбира вработување на членови и симпатизери на ДУИ, Беса, ДПА. Секако дека е манипулација. Но исто така е факт што тој пристап е позајмен од СДСМ и ВМРО во нивниот однос кон Македонците. Едно зло не оправдува друго, но кога автентилните автори инсистираат на инсклучиво право на вработување, тоа го легитимира и правото на другите да го следат тој пример и истиот го издигнат до ниво на она што е – политички менталитет на земјата. Затоа, критиките и поплаките и врескањата на СДСМ и ВМРО се гласни но испразни, лишени од кредибилитет. Впрочем, доколку на овие партии навистина им е толку битно да при вработување се пповедуваат од принципите на “способност, одговорност, професионалност, образованост” нека си ги погледнат сопствените редови и уште побитно – нека си погледнат какви албанци, каков сој албанци, каков квалитет албанци промовираат и вработуваат. Тоа нема да го направат, како што го немаат направено со македонскиот неквалитет кој го наметнуваат како “успешност”. Пример за тоа се Тевдовски и Рилинд Кабаши, заменети со Нина и Бутуќи. Толку од нарикањата на македонските легал-националисти за “квалитето, квалитето”. ДУИ може да направи исчекор од таа бедна манипулација воспоставена од македонските партии, но е тешко за верување токму поради ликот кој ја предводи самата идеја – Артан Груби како негација на сите квалитети и типично албански одраз на Заев и Мицкоски.
На крај, иако се повторувам – ќе повторам. Шансата за градење на такво општество како што македонските национал-легалисти љубат да кокодакаат при секое спомнување на било какво албанско барање беше и заврши во 2016 година. Шансата за социална кохезија беше згазена од токму македонските национал-легалисти и амбасадорските манипуланти. И СДСМ и ВМРО се искористија од ДУИ. Првите преку спас во Влада, вторите преку помошта на во спас од судови и оптужби. Ним, пак и повторно им кажувам, ДУИ е лакмусот на вашиот трулеж. Тоа, ќе продолжи и понатаму, со или без ДУИ.
Фејсбук статус на Арсим Зеколи