јуни 7, 2023

30 дена притвор за дрвокрадците од Прилеп

30 дена притвор им одреди судија на претходна постапка на десеттемина дрвокрадци за кои МВР поднесе кривична пријава за напад на службено лице. 

Во четвртокот околу 20 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка додека вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп-Велес сопреле за проверка 3 патнички возила без регистерски ознаки при што едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва кои од страна на полициските службеници биле одзмени. Притоа наишла поголема група на граѓани меѓу кои и десетте пријавени лица кои почнале агресивно да се однесуваат игнорирајќи ги усните наредби со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило, а ги нападнале и полициските службеници.

За авторот

Сподели